Треба да си Богданка Кузеска од СДС -Струга за да излезеш и збориш за локална власт, а да не смееш да писнеш за Рамиз Мерко и состојбите во Струга!, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ.

Богданка е од Струга, Мерко градоначалникот во Струга, ставен на АМЕРИКАНСКА МЕЃУНАРОДНА ЦРНА ЛИСТА ЗА КРИМИНАЛ, ама Богданка- си ќути.

Молкот на Богданка стружанката од СДС за Мерко значи дека:
За Богданка, Мерко исполнил ветувања, работи за народот, се е законски, се полни касата од легални градби, сите директори на Мерко се примени согласно пропишаните услови, парите од буџетот Мерко ги троши наменски и домаќински!

А Мерко во Струга е сè, сликата за Македонија, од судство, криминал, корупција, дивоградби, злоупотреба на пари, злоупотреба на положба, до образование на дно, здравство на дно, судски предмети застарени во фиока, судии и обвинители на “ало”, ставен на Црна Листа на САД, и уште е градоначалник, ништо не смее да му попречи, а СДС не смее да писне!!!

За Богданка стружанката Кузеска Рамиз Мерко е перфектен градоначалник за кого не може лош збор да каже и со тоа се согласува цело семејство во Струга!

И тоа веројатно и го мисли!
Толку од релевантноста на Богданка Кузевска од Струга во кампањата на СДС против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ!

Толку и од релевантноста на кампањата на СДС против градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
А па и јас сум се распишал, демек некој уште и верува на СДС.
Туку, не поднесувам кич!, пишува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.