Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во интервју за „Република“ како спин и манипулација ги оценува изјавите на фукционери на СДСМ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба прифатил уставни измени.
Тој вели дека државата е целосно заглавена и оти имаме процес на дуизација.
Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство. Не прифаќам коалиција заради уставни промени, бидејќи тоа се сосема друга тема. За овие барања треба да изградиме национално единство-вели Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.