Претседателот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов најави дека се можни голем број цивилни жртви во Украина, доколку продолжи руската агресија.

Ќе страдаат невини луѓе, ќе дојде до бегалски бран и немам илузија дека оваа воена операција ќе застане се додека Украина не прифати капитулација. Русија ќе оди по секоја цена да победи и нема да се повлечат, рече Трајанов во изјава за „Утрински брифинг“.

Според него, како држава мораме да покажеме дека го осудуваме ова кршење на меѓународното право.

Препорачуваме да претседава Советот за безбедност на Македонија и Владата и по потреба парламентот со резолуција или декларација да го осуди нападот врз Украина. Само на тој начин ќе бидеме дел од демократскиот свет, побара Трајанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.