Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ ја осуди агресијата која што Русија ја изведе утрово врз Украина.

Тоа е акт на агресија, која што е недозволива. Ја почитуваме и поддржуваме територијалната незавиност на Украина. Стоиме со народот на Украина во оваа ситуација. Нудиме помош на Украина толку колку што можеме и така како што можеме да помогнеме во овие тешки моменти, рече Маричиќ.

 

 

Вицепремиерот информира дека Владата денеска ќе одржи вонредна владина седница, специјално за рускиот напад на Украина.

Деталите што ќе правиме и што правиме ќе бидат објаснети после седницата, додаде Маричиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.