Денеска во кругот на Центарот за обука во Идризово започна со работа новиот пункт за фотографирање за лични документи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го посети пунктот и кажа дека се ангажирани четворица вработени на четири базни станици.

Треба да се направи уште многу повеќе во иднина за да може да го затвориме оној број околу два милиони лични документи коишто е потребно да се обноват но секако тоа е чекор во насока да се подобри работата на МВР, рече Тошковски при посетата.

Она коешто го констатиравме пред десетина дена отприлика и донесовме одлука дека со зголемување на човечките капацитети ќе овозможиме колку што може повеќе граѓани да се фотографираат за пократок временски период еве профунцкионира. Ова е нов пункт којшто започна со работа. Моментално функционираме со плус четири базни станици и со четворица луѓе коишто ќе ги примаат граѓаните за издавање на лични документи. Ако прв чекор е прием на барањето, односно закажување на термин, втор е фотографирање на граѓаните за секој личен документ, рече Тошковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.