Во рамки на денешните активности остварив работни посети на Секторот за внатрешни работи Куманово, Одделението за внатрешни работи Кратово и Одделението за внатрешни работи Крива Паланка, информираше на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
При посетите одржав состаноци со раководствата на овие организациски единици каде беше потенцирано дека безбедносната состојба на целото подрачје е стабилна, а се разговаравше и за тековните активности, движењето на криминалитетот, одржувањето на јавниот ред и мир и предизвиците со кои се соочени од аспект на недостаток на материјално-технички средства и недоволна пополнетост со човечки ресурси.
Генерален заклучок е дека што поскоро треба да се направи набавка на возила и друг вид на опрема неопходна за ефикасно постапување на полицијата и да се направат сериозни реформи во делот на систематизацијата на работните места во министерството и полициските службеници да бидат соодветно вреднувани согласно тежината на работните задачи кои ги извршуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.