„При неодамнешната посета на СВР Охрид од страна на раководството бев запознаен со проблемот со просторните услови за работа на вработените, како и недостатокот на паркинг простор и тесниот пристап до постоечкиот објект особено во летниот период кога има голем број на туристи во градот. Воедно, бев инфомиран дека со одлука на Владата во 2022 година на МВР се доделени дел од објектите во касарната во Охрид кои не се користат.

Во тој контекст заедно со Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и пратеникот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 5, Ѓорѓија Сајкоски извршивме увид на објектите во касарната и заклучивме дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ во координација со МВР и Општина Охрид ќе ги преземе сите неопходни мерки за реконструкција на објектот со цел СВР Охрид да биде преместен во нови, подобрени и посоодветни простории за работа, а на местото на постоечкиот објект каде во моментот се наоѓа СВР Охрид да се изгради катна гаража и парк за рекреација на граѓаните“, објави Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.