Новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека ако има политичка волја решение за хаосот со документите има. Според него тоа ќе се постигне со измени во Законот за патни исправи и во Законот за безбедност во сообраќајот.

„Измените ги подготвив. Тука се. Готови се. Кога пред моите колеги ги предложив овие измени, бев опструиран, министрите ми велеа дека ќе сме прекршеле меѓународен договор. Ова што го предлагам е согласно сите меѓународни акти кои ги гарантираат основните човекови прави. Вака го кршиме основното човеково право на движење, оневозможуваме излез од државата со валидна патна исправа. Нема кршење на меѓународни договори ако се усогласат техничките рокови од Преспанскиот договор врз основа на објективните човекови и технички капацитети на Македонија. Може да се бараат нови рокови. Со меѓународен билатерален договор не смее да се кршат човекови права. Ова е резултат на незнаење и неодговорност на властите. Ова што се случува е флагрантно кршење на човековите права. Ова е страшно. Не можам дури ни да поверувам. Грција нема право да го поништи пасошот. Обрасци немаме. Состојбата е алармантна“, рече Тошковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.