Министерот за внатрешни работи во техничката vлада, Панче Тошковски, се сретна со претставници и со претседателот на Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници Димитар Кавраков.

Како што соопшти МВР, на средбата претставниците на асоцијацијата ги претставиле проблемите со кои се соочуваат туристичките водичи, а пред се го истакнале проблемот со патните исправи кои им се неопходни при нивното секојдневно работење.

Од МВР посочуват дека туристичките водичи и придружници се амбасадори на нашата држава и треба да им се излезе во пресрет на нивните барања.

Тошковски изјавил дека преземените мерки за забрзување на процедурите за сите граѓани веќе вродуваат со плод, па така ќе резултираат со позитивен исход и за членовите на Асоцијацијата на туристички водичи и придружници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.