Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се работи на техничко решение покрај кое треба и законско за функционален систем при следењето на сообраќајот со камери.

Тошковски истакна дека целта е што поскоро ставање во функција на камери со кои ќе се утврдуваат и казнуваат сообраќајните прекршоци, со цел да се намалат жртвите во собраќајот и да се зглеми сообраќајната култура.

Поставувањето на камерите треба да покрие и дел од криминалистичката работа на Министерството за внатрешни работи.

Фокусирани сме на тоа да предвидиме соодветно и техничко, моментално се работи на техничко, но и законско решение кое што ќе ни овозможи функционален систем. И кога е отпочнат проектот никој не размислувал во насока на тоа како навистина да ќе биде ставен во функција целиот тој систем. Колку казни ќе продуцира на дневна основа, дали тие ќе може да се сработат од страна на вработените во рамки на Министерството како ќе се процесираат. Кој ќе води постапката дали треба да се зголеми бројот на вработени во рамки на Министерството коишто ги работел прекршоците од аспект на изрекување на прекршоци. Ќе одат во суд, како ќе постапува судот моментално еден судија за прекршоци во Скопје работи на повеќе од 2.000 предмети на дневна основа закажува повеќе од 45 судење. Кој ќе ги сработи тие предмети? Целта ни е на крајот да го видиме бенефитот од аспект да се намалат жртвите да се покрене сообраќајната култура, изјави Тошковски при посетата на Јегуновце.

Тошковски појасни дека камерите би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во три сегменти: погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина.

Еден од клучните проекти ако не сакаме да има по стотина жртви на годишна основа, мораме сообраќајната култура да ја подигнеме не едно скалило, туку три, четири скалила нагоре, рече Тошковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.