Во текот на денешниот ден бев во посета на Одделението за управни работи – Скопје каде директно се запознав со фактичката состојба во делот на издавање на лични документи, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено, досега 25 вработени од други организациски единици доброволно се пријавија и беа упатени да помогнат во овој процес. Во таа насока во текот на вчерашниот ден истите почнаа со обука за сликање и издавање на документите, а од моја страна ќе бидат преземени сите мерки и активности во рамки на моите законски овластувања со цел сите вработени во Одделението за управни работи – Скопје и во отсеците за управни работи низ државата, како и оние кои се упатени времено да работат таму, да бидат соодветно наградени.

Исто така, ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам на вработените во ова Одделение кои и покрај лошите услови во кои работат, вложуваат натчовечки напори за да им излезат во пресрет на граѓаните, пишува Тошковски во својата објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.