Зошто владата нема став за предлогот за Македонија кој беше објавен во медиумите? Вчера во медиумите беше објавен таканаречен предлог каде наводно се вели дека земја членка ќе предложи тргање на ветото за Македонија од Бугарија, а за услов ќе биде обврската бугарските позиции изразени преку бугарската декларација, договорот за добрососедство и барањето за промена на Уставот да станат дел од преговарачката рамка во преговорите со Македонија, прашува Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Досега официјална потврда нема од релевантните извори, додека владата на Македонија молчи. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ на ниту еден начин не е информирана за овој предлог, а владата одамна ги крие преговорите од ВМРО-ДПМНЕ се чувствуваме повикани да потенцираме и апелираме на неколку работи, пред се водени од можните штети и катастрофалните последици кои може да се случат. Прифаќањето на таканаречениот предлог значи бугаризација на Македонија и сето тоа да стане дел од преговарачката рамка и услов на кој мора Македонија да се согласи за да стане членка на ЕУ, вели Томовски.

Томовски потенцира дека прифаќањето на предлогот ќе значи или ќе прифатиме бугаризација на државата или нема да се исполни условот, а Македонија би останала вечно пред портите на ЕУ.

Воедно не ја исклучуваме можноста овој предлог да биде искористен како маша на противниците на идејата за Европската Унија, и воедно да се влијае на создавање на евроскептицизам. Главното прашање после ваквиот нокаут за дипломатијата на Ковачевски и Османи е што правеа додека се пишуваше таканаречениот предлог? Зошто молчат и кој е нивниот став за оваа катастрофа. Ковачевски се смешкаше на провокацијата дека сме Западна Бугарија, а денес молчи за таканаречениот предлог, порача Томовски.

Тој додава дека предлогот е пораз за дипломатијата и пораз за Македонија.

Мора да се стави крај на поразите, тапкањето во место и ударите врз идентитетот затоа што е премногу. Затоа ве повикуваме и на масовен протест за промени пред влада утре со почеток во 20 часот, изјави Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.