Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена во годината, на сите гробишта и сите споменици во државата визави ордите коишто ќе доаѓаат од Бугарија од инсталации кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија, рече претседателот на Светскиот Македонски конгрес Тодор Петров, кој утрово со делегација пристигна на чествувањето на Гоце Делчев, пред црквата Свети Спас.

Тој изрази стравување дека доколку не се внесат етничките Бугари во Уставот, провокациите од Бугарија ќе продожат и понатаму.

Ако оваа држава има власт требаше да ги спречат провокаторите да влезат уште на границата. 25 години одиме на чествување на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир и секогаш наоѓале начин автобусите на организираните Македонци кои сакаат да го чествуваат Јане Сандански да бидат спречени да влезат во Бугарија, истото се случува и со Грција. Имам забрана за влез со образложение опасност по националната безбедност на државата Грција. Такви мерки можеше и оваа влада да примени, нагласи Петров.

Претседателот на СМК реагираше што тие што предизвикуваат тензии и што му се заканија со атентат на претседателот Пендаровски ќе бидат спроведени со полициска придружба до гробот на Гоце Делчев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.