Колумнистот Дарко Јаневски ги толкува изјавите на министерот Оливер Спасовски, но и на целата власт дека опозицијата уште еднаш ги убива жртвите, наспроти успешната полиција која го разрешила случајот, како срамни, особено земјаќи го предвид фактот дека цела недела полицијата не можеше да најде што се случило и каде е Панче Жежовски.

Човек ги чита овие соопштенија на комуњарите и не му се верува. СДСМ најде да заборува за срам и отсуството на морал. За „најдолен вид на политиканство“ и за „ изопачена потреба за политизација на жртвите“ зборуваат тие кои на власт дојдоа врз гробот на малата Тамара (а, „министерот Смрт“ потоа им стана сојузник). Кои што несреќата на Никола Младенов ја претворија во убиство, кои ја злопоутребија смртта на Мартин Нешковски, иако Јанкуловска експресно го реши случајот, а токму нивниот Заев се ракуваше со убиецот, кои ги лажеа родителите и целата македонска јавност за четирите деца и рибарот од Смиљковско Езеро и кои тврдеа дека тероризмот во Дива Населба е наместен случај за вмровците да останат на власт.

Јаневски потсетува на снимките од „бомбите“.

Таму се Заев, Шеќеринска, Спасовски и цела комуњарска братија која денес обвинува за политиканство во убиството на Вања и Панче, за кое, да биде иронијата поголема, е осомничен нивен екс претседател на скопската организација, а кој според Алескандар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ е полициски проект со посебна задача од 2018 година па наваму.

И тие, кои го ископаа коските на Тамара, ги расфрлаа и ги влечеа по скопските улици (дали заборавивте дека во тој случај немаше обвинети откако пучистите дојдода на власт?), кои газеа врз се уште топлите трупови на децата од Смиљковско, ги лажеа родителите на децата и целата јавност дека вистината допрва ќе се откриела, тие кои дури и го повторија случајот преку една срамна одлука на Врховниот суд, а под водство на Чарлиевиот ангел, Фатиме Фетаи која денес служи за потсмев на целото Јавно обвинителство како член на едно рекетарска дружина каква што беше СЈО, во кое како од шала си делеле бонуси по стотина илјади евра, тие кои ги погазија специјалците кои загинаа во Куманово, тие, истите тие луѓе, без грам чувство, денес ве гледаат во очи и ви велат дека други правеле политиканство од еден од најгрозоморните случаи во историјата на Македонија. Кој веројатно делумно ќе бил спречен ако на време се откриеше судбината на Жежовски (но имавме Самит на ОБСЕ, нели, па кој има време при тоа да се занимава со некој старец кој исчезнал) и случај до кој веројатно воопшто немало ни да дојде да не беше целата игранка со создавање полициски проекти при предавството на Република Македонија и нејзиното преименување во Северна откако претходно беше извршен добро организиран пуч.

А токму за целите на тој пуч, беа извадени коските на Тамара, на Мартин, на децата од Смиљковско. Стоеја на прес-конференции со тие коски, оддаваа минута почит, се влечеа по улиците на Скопје, го бојадисуваа градот, ја користеа смртта на овие деца, ја користеа трагедијата на нивните семејства, ги користеа чувствата на јавноста и нејзината сензитивност кон трагичната судбина на сите тие деца, само и само за да дојдат на власт и да ја исполнат нарачката за преименување на државата, а за возврат да украдат се што може да се украде од оваа земја.

 

Целата колумна ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.