Припадниците на Кумановската група, обвинети и осудени за тероризам поради настаните на 9 и 10 мај 2015 година, и понатаму се чувствуваат за тоа што го направија. Во директна врска од затворот за емисијата „Фронтал“ на ТВ 7 двајца од припадниците на оваа група рекоа дека „не завршил нивниот стремеж за националното обединување“, пренесува информативниот портал „Економија онлајн“ од Приштина, Косово во текстот насловен „Припадниците на Кумановската група: Не се покајавме, нашиот идеал ќе биде секогаш националното обединување“.
На 7-годишнината од она што тие го нарекуваат „битка за Куманово“, еден од двајцата осуденици рече дека „не се покајал“.
Никогаш во животот нема да зажалиме. Нашиот идеал е и ќе остане обединувањето на албанските територии. Ми рекоа дека никогаш нема да излезам од затворот, но јас ќе ја бранам УЧК и од затворот, вели тој.
Инаку, „припадниците на Кумановската група“ се членовите на вооружената група упаднати од Косово, кои во мај 2015 година во кумановската населба Диво насеље учествуваа во дводневниот жесток оружен судир со припадниците на специјалните полициски единици и на кои подоцна им беше судено поради „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“ на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.