Вистинското прашање на кое што денес треба да одговорат од клептоманската СДС на македонската јавност е дали Ковачевски дезертирал од АРМ во 2001 години, правејќи се трајно неспособен,напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Течат 24 часа рок на кој што очекуваме од Ковачевски да одговори на прашањата за неговото дезертерање од Армијата на Македонија-потсетуваат од партијата.

Оттаму сметаа дека е навистина е нехумано тоа што младиот Каевски денес го пуштија да го спасува дезертерот Ковачевски.

Што се однесува до темата Данела Арсовска, јасно е дека дезертерот премиер Ковачевски си ја црпна дезертер градоначалничката Арсовска, која што седи во скутот на клептоманската СДС, затоа што е уценета.

Арсовска е уценета со кривични пријави како што е скандалот со прочистителната станица за Скопје и за уште нерасчистеното дело за палење на автомобилот на претседателката на стопанските комори, за кое има сомнение дека позади него стои лично Данела Арсовска. Од денес па понатаму Данела Арсовска ќе ја третираме како дел од дезертерската коалиција на антимакедонската СДС



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.