Премиерот Зоран Заев бил на чело на рекетарската шема во Македонија тврди таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски во своето гостување во порталот А1 ОН, главната причина за нападот врз семејството Јовановски била за да се сокријат вистински виновници за рекетот во Македонија.
Јас мислам дека сето ова што ни се случува е поради Бојан. Тие си ги најдоа кривците за да се оправдаат себе си. Прв секако е тој што најмногу не сакаше да се дојде до негова близина, а тоа е Зоран Заев, вели Миле Јовановски.
Други рекетираа истакна Јовановски посочувајќи го екс премиерот „прави се за да ни ја накалеми на нас вината, тој и таа злосторничка групација околу него“.
-Една порака препратена од госпоѓа Јанева имам прочитано, односно Бојани ми ја прочита. Порака према Јанева од Заев беше „зошто уште не си му го дала пасошот“ се мисли на Орце Камчев. Повратно Јанева му пиша дека не поднел се уште барање. Како може Бојан Јовановски газда на 1ТВ да има влијание врз Катица Јанева или врз претседател на суд, премиер или министер, вели Миле Јовановски.
Таткото на Боки 13 открива дека Зоран Заев го контролирал во целост правосудниот систем одлучувал кој ќе оди во притвори и во затвор, посочувајќи дека ги имал рацете врз судството и обвинителството и дека тоа го гарантира со главата.
-Јас сум бил дел од СДСМ и нивен симпатизер. Но сега можам да кажам дека сум бил излажан и таа шарена револуција била лага и била само револуција за мафијашката фамилија на власт изминативе четири и пол години, вели Јовановски
„Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат итн“, вели Јовановски за „А1он
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.