Миле Јовановски, таткото на Боки 13 во интерву за А1он“ вели оти е убеден дека поранешниот премиер Зоран Заев го контролира судството и обвинителството и дека тој стои зад случајот „Рекет“.
Јовановски постариот вели дека не знае каде завршила фамозната „Луј Витон“ торба и оти тој таа торба воопшто ја нема видено. Тој додава дека не е точно дека торбата завршила во неговиот дом.
Двапати имаш претрес со мојот дом, земени се и снимките од камерите. Кај мене немаше ништо. Јас прв ќе кажев ако имаше торба. Ќе ја цитирам Русковска која рече „Јас претпоставувам дека торбата завршила во домот на неговите родители“. Тоа е нонсенс. Срамота е тоа да го изјави еден обвинител-вели Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.