Арбен Таравари од Алијанса на Албанците во интервју за „ТВ24“ кажа што мисли за вчерашниот инцидент кај плоштадот „Скендербег“.

Таравари смета дека инцидентот е провокација поради тоа што протестот се одржал пред населба во која генерално живеат Албанци.

Јас ги разбирам демонстрантите од македонските партии, тоа е легитимно, но не ми е логично да има протести пред приватен хотел и населба каде што живеат генерално Албанци, тоа е провокативно. Ако ги видите видеата, не е дека не протестираат таму, хотелот една вечер претходно беше демолиран од демонстрантите и тоа е пријавено во полиција. Јас не оправдувам оружје, но мислам дека кога некој се однесува вандалски, тогаш сите сме луѓе и сите би реагирале, вели Таравари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.