Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, по повод Светскиот ден на учителите, упати честитка до сите наставници насекаде.
Впо таа пригода, Таравари уште еднаш апелираше до Владата за недостигот на книги во училиштата.
Им честитаме на сите наши учители каде и да се и ја користиме можноста да апелираме за шокантната ситуација предизвикана од недостатокот на учебници. Веќе е втор месец од учебната година и се уште нема книги. Учителите и родителите се загрижени – изјави градоначалникот Таравари.
Општина Гостивар минатата недела констатира недостиг од 25.156 книги во основните и средните училишта во Гостивар и тоа во О.У „Исмаил Ќемали“ има недостиг од 3.193 книги, О.У „Единство“ 428 книги, О.У „Гоце Делчев“ 1,233 книги, О.У „Мустафа Кемал Ататурк“ 2.133 книги, О.У „Ѓон Бузуку“ 2 книги, О.У „Фаик Коница“ 25 книги, О.У „Перпарими“ 1.233 книги О.У „Лирија“ 596 книги, О.У „Форина“ 486, О.У „Чајла“ 76 книги, С.У „Медицина“ 8.985 книги, С.У „Економски“ 943 кнги и С.Т.У „Гостивар“ 5.825 книги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.