Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа, порача дека доколку премиерот Димитар Ковачевски ја сакал државата, во 2001 година ќе служел воен рок и ќе ја бранел таа држава, но тој фалсификувал документи за да се покаже трајно неспособен, а сега се не знае како да се извади па се правда дека де бил во образованието, де имал операција.

Петрушевски истакна дека тоа што Ковачевски вели дека интересот му е кај граѓаните, тоа не држи вода затоа што кога требало да биде на страната на граѓаните тој избегал и дезертирал.

Ги знам на кој начин ги вршат или ги вршеле тие работи на сите тие луѓе околу него кои биле некоја елита на СДСМ во Куманово. Ниту им биле во интерес државата, ниту одбраната на државата. Единствен интерес им било како да избегнат служење на воен рок и нашле еден таков механизам да се претстави за трајно неспособен како не би служел воен рок – изјави Петрушевски.

Тој потенцираше дека најпрвин премиерот Ковачевски треба да и се извини на јавноста затоа што наместо да се сконцентрира на спроведување на политики кои ќе овозможат подобар живот на граѓаните, тој се сконцентрирал на тоа неговите фирми да добиваат тендери државни и државна помош.

Зарем е европска вредност како премиер да си доделуваш државна помош на своите фирми, зарем европска вредност е на бившиот премиер да му доделиш милион евра државна помош за неговата фирма? Тоа не е европска вредност тоа е балканска вредност – вели Петрушевски.

Тој додаде дека единствен логички заклучок е дека Ковачевски и таа цела Влада околу него ова го прават само заради парите. Аферата броило е само еден доказ за тоа како премиерот Ковачевски наплаќа за сите овие погубни политики кои ги прави и кои допрва треба да ги прави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.