Граѓаните на Косово Албанија и Србија нема да се изедначат со македонските граѓани во делот на плаќање на партиципација, туку во делот на приватното лекување- вели екс министерот за здравство и претседател на Алијанса на Албанците за Слободен печат, Арбен Таравари.

Ова практично значи дека цените на странските државјани ќе бидат исти како и за македонските граѓани кои немаат осигурување и се лекуваат во државните клиники и болници. Така ако за снимање на магнетна резонанца приватно во Клинички центар се плаќа 150 евра за сите наши граѓани кои не се осигуреници, толку ќе плати и косовски или албански државјанин, вели Таравари.

Тој објаснува дека ова е овозможено со билатерални договори меѓу државите и дека доколку не се направело странците ќе продолжеле да одат во приватно здравство каде плаќале многу поевтино.

Целиот текст прочитајте го тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.