Поради енергетската криза, градоначалниците од Полошкиот регион бараат зимскиот распуст да трае два месеци или евентуално да има онлајн настава.

Целта, според изјавата на градоначалникот на Гостивар, е да се заштеди во време на криза кога сметките за струја се неколкупати повисоки.

Идејата е со оглед на тоа што сметките за енергија годинава се три до четири пати повисоки од лани, месеците кога е најстудено, јануари и декември, годишниот распуст да трае два месеци или да се разгледа опцијата за дигитални алатки, со цел да заштедиме енергија. Или распустот да биде во јануари-февруари или декември – јануари, а учебната година да продолжи до 30 јуни и да почне на 15 август“, изјави Таравари, пренесе Алсат ТВ.

Ова барање од Советот на Полошкиот регион, во кој спаѓаат девет општини, го упатуваат во Министерството за образование и наука (МОН) и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.