Алијанса на Албанците го почна состанокот на претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници.
Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред спстанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката.
– Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања – рече Таравари.
Сепак тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.
– Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.