Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека агресивната политика од страна на Бугарија само го потврдува она што тие го зборат, односно нема Владата на СДСМ и ДУИ нема никаква стратегија во односот со Бугарија.

Според него, постојано се прават отстапки.

Континуирано се прават отстапки, дали е тоа таканаречениот Договор за добрососедство од 1ви август 2017 година, кој што не е ни за пријателство ни за добрососедство, во кој прифатија да пишува дека има заедничка историја помеѓу македонскиот и бугарскиот народ што е апсолутно неточно, одејќи после тоа низ неколку разговори и договори, завршувајќи со прифаќањето на предлогот од минатата година, таканаречениот Француски предлог, каде што Македонија има една уникатна ситуација. Од сите други земји членки или кои што станале членки на ЕУ или преговараат со ЕУ се бара да ги исполнат Копенхашките критериуми, а Македонија плус на тоа се бара да исполни се што Бугарија сака“, вели Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.