В.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција оцени дека државата капитулирала пред криминалот и корупцијата поради примерот со ослободувањето на осудените за случајот со масовното прислушкување на граѓаните. Тој ги посочи основните судови дека даваат основа заробеното судство да ослободува осудени лица.

Правдата во агонија, државата капитулира пред криминалот и корупцијата. Враќањето на нула на случајот Мијалков за масовно следење на граѓаните на земјава е најдобар доказ за тоа. Оправдувањата дека во првиот степен се направени отстапки само ја докажува организираната криминална мрежа во правдата, каде основните судови намерно прават отстапки за да му дадат алиби на Апелацискиот суд да ги поништи одлуките. Тоа го овозможува судството, заробено од владејачките партии и криминализирано до срж. Во РCM повеќе нема правна сигурност и независна правда, истакна Таравари.

Според него, „институциите на чело со претседателот на државата дезертирале од борбата против корупцијата и јавно кажуваат дека нема капацитет за ветинг“.  Вели дека единствената надеж е дека САД ќе започнат некоја шок-терапија, почнувајќи од, како што рече, воведувањето на американската црна листа за отстранување од сцената на корумпираните актери од политиката и правосудниот систем.

Значи, покрај корумпираните политичари, мора да се исчисти и правосудниот систем од чумата на корупцијата. Дополнително, итно е потребна целосна реформа на правосудниот систем. Ова го вклучува законот за проверка на судиите и обвинителите, формирањето на специјални судови против корупцијата и организираниот криминал (интегрирање на првата и втората инстанца во институционален чадор), создавање на советот за судски назначувања и високиот инспекторат за правда, одговорен. Во овие институции мора да има меѓународни комесари. Амбасадорке Агелер, нашите граѓани сега гледаат на Американската амбасада како единствена надеж за промена на катастрофалната состојба во која оваа влада го доведе нашиот правосуден систем, рече Таравари.

Тој ја понуди неговата паритја, Алијанса за Албанците како партнер целосно посветен на, како што рече оваа кауза, од која зависи иднината на новите генерации кои повеќе не гледаат ниту една причина да останат тука за да придонесат за развојот на земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.