Неофицијално, постигнат е договор меѓу Алијансата за Албанците и владините претставници за влез на партијата во Владата, објави ТВ „Клан“, повикувајќи се на извори во АА.

Според овие извори, Алијанса се договорила нејзини кадри да ги предводат Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, а таа евентуално може да го добие и Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.

Дополнително, според истите извори, партијата ќе добие и 30 директорски места во државни институции.

АА има осуммина пратеници во Собранието, кои доколку партијата влезе во власта, ќе го засилат владејачкото парламентарно мнозинство, во ситуација кога власта се обидува да добие поддршка од 81 пратеник за двотретинското мнозинство, потребно за најавените уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.