Вечерва во студиото на ТВ21 се одржува претседателски дуел меѓу кандидатите од Европскиот Фронт, Бујар Османи и од Вреди, Арбен Таравари.

Кандидатот Таравари ја претстави својата програма во која најави излегување од иницијативата Отворен Балкан.

„Според мене Македонија се наоѓа на раскрсница која е многу важна за иднината на државата бидејќи сме во тројна криза. Економска, политичко-уставна и етичка и морална криза. Овие три кризи го имаат поларизирано општеството со што влијаеле во поделбите помеѓу луѓето и општеството и зголемувањето на евроскептицизмот што не е добро за државата а исто така и за минимизирање на либералната демократија. Како претседател на државата ќе се обидам да направам се што е во моја сила за да ја задржам внатрешната кохезија на државата и за да го развивам европскиот пат на Македонија. Нормално, Македонија е домот на сите етникуми кои живеат овде, е мултиетничка држава и затоа експертите кои заедно со мене ја подготвија мојата програма се основат на четири главни столба како што се под еден интеграцијата во ЕУ, второ безбедноста, трето праведна држава и четврто консензуалната демократија“, вели Таравари.

Тој додава дека кога станува збор за членство во ЕУ овде несомнено дека Македонија по секоја цена треба побрзо да ги започне преговорите со ЕУ.

„Кога го велам ова сакам да нагласам дека мора треба да се случуваат уставните измени и евентуално како иден претседател на Македонија ќе настојувам првата моја посета да го направам во Брисел од каде ќе барам по секоја цена овој да биде последниот услов кој и се поставува на Македонија, зборот ми е за француско-германскиот предлог даден во јуни 2022 година, потоа од мандатарот на кого ќе му го врачам мандатот, ќе барам да осигура дека има мнозинство пратеници, но исто така динамика за реализирање на уставните промени и секако како претседател на државата, повикувајќи се на член 121 од Уставот на Р. Македонија ќе предложам да се исклучиме од иницијативата „Отворен Балкан“, можеби во продолжение ќе имате прашање за ова каде ќе елаборирам повеќе зошто мислам така“, порача Таравари.

Тој додава дека среќа е што Македонија веќе е дел од НАТО и тоа ни донесува безбедност генерално во државата, но да не заборавиме дека се уште има надворешни влијанија, во главно руски влијанија преку Србија која е најголемата штета што може да и се случи на оваа држава.

Македонија не треба да биде само потрошувач на безбедност туку мислам дека треба да биде и генератор, така да, ќе настојувам да имаме стабилна армија и за вооружените сили на Македонија да се дадат барем 2% од БДП, што се и критериуми и стандарди на НАТО. Исто така, ќе се грижам во Армија особено во агенциите за разузнавање да се случи феноменот на де-југославизација и именување на луѓе кои се професионалци, но и со прозападна ориентација. Треба да работиме многу во насока на безбедност со цел Македонија да не зависи од енергијата која доаѓа пред се од Русија и да најдеме начин на диверзификација на енергетските извори“, вели Таравари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.