Првиот човек на АА, Арбен Таравари, изјави пред почетокот на Централното собрание на партијата во Куманово  доколку не се постигнат потребните бројки за уставни измени, не вреди да се прошири парламентарното мнозинство. Тој ги отфрли гласините за поделба на ресорите и рече дека до сега нема конкретен предлог од Ковачевски за вклучување на АА во Владата.

Лично мислам дека ако нема 80 пратеници, не вреди да се прошири Владата. Но јас велам дека има работи кои можат да помогнат дури и со проширување на Владата. Мислам дека ќе ги откријам сите факти и аргументи што ги имам пред членовите на Собранието, да разговараме да одлучиме заедно, рече Таравари.

Таравари потврди дека синоќа се сретнал со првиот човек на ДУИ Али Ахмети, со кој разговарал за потребниот број пратеници за уставните измени. Тој рече дека во наредните денови ќе се сретне и со лидерите на другите албански партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.