Претседателот на ДПА, Мендух Тачи во емисијата Дебат плус на Клан Македонија најави дека новиот политички договор со ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата воТетово.

Тачи истакна дека овој договор е резултат на долги разговори и идеја која постепено се обликуваше во последните две години.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи посочи дека договорот не ги вклучува само ДУИ и ДПА, туку и Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа, а има и планови за соработка со турските и босанските партии како и со неколку здруженија.

Тачи ја цени улогата на Ахмети како лидер на оваа нова мисија и ја изрази својата поддршка за формирање на помоќна коалиција.

„Денеска со господинот Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. Во понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска, босанска партија како и и неколку здруженија. Сите тие се предводени од господинот Ахмети како носител на оваа мисија. Јас отсекогаш сум бил директен, и не е на мене да го спречам господинот Ахмети да направи помоќна коалиција.Нашата комуникација е еднострана само со ДПА, а останатото е само одговорност на господинот Ахмети. Коалицијата во која што сме ние има главна политичка сила , а тоа е ДУИ на г-дин Ахмети и тоа е реалноста денес. Останатите се фрагменти од пропаднати партии кои се уште не ја покажале својата моќ во изборниот процес, рече Тачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.