Јавното обвинителство отвори дисциплинска постапка за скопски обвинител кој не ги работел предметите кои му биле доверени. Со вонреден надзор кој го изврши вишото обвинителство е констатирано дека во еден дел од предметите настанало пролонгирање на постапката или застареност на кривичното гонење.

Отворени се и други четири постапки против обвинители од внатрешноста.

За тетовски обвинител е донесено решение за оддалечување од функцијата, на обвинител од Битола му е скусена платата за 20% во траење од четири месеци, во Ресен му е намалена плата на обвинител за 30 проценти, четири месеци, додека една постапка против јавен обвинител од основното јавно обвинителство Охрид е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.