Во понеделник Советот на јавните обвинители, ќе „решава“ за судбината на обвинителката Вилма Русковска.

Се очекува одлука за тоа каде ќе биде нејзиното работно место, со оглед на тоа што и заврши мандатот во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме истата е суспендирана.

Ќе се вратам во Скопското обвинителство, од таму дојдов во организиран криминал ,така е според законот“, вели Русковска за „Либертас“.

По враќањето во Скопското обвинителство, шеф на Русковска ќе и биде Гаврил Бубевски, а платата, ќе ѝ биде пониска од онаа што ја добиваше како шефица на одделот за организиран криминал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.