Судскиот претседател Лазар Нанев, кој навиваше на трибини со министерот за правда Никола Тупанчевски и обвинителката Фатиме Фетаи не го платил превозот до Италија и влезницата за натпреварот.

Ова го констатира и Судскиот совет, каде заврши проверката за неговата етичност. И покрај ова, судијата Нанев нема да сноси одговорност, објави А1ОН.

Судскиот совет тврди дека тој не прекршил ниту една етичка норма.

Судскиот совет утврди дека не постои судир на интереси, дека не е оштетен судскиот буџет и дека судијата не ја злоупотребил својата функција. Судскиот совет при проверка на случајот предвид го имаше и мислењето на Советот за етика при Здружението на судии кој констатираше дека судијата Нанев не прекршил ниту една етичка норма со патувањето на фудбалскиот натпревар, велат од Судскиот совет за „А1он“.

Лазар Нанев ја доставил целата документација која била побарана од него, со која аргументирал дека не погрешил. Судскиот совет, смета дека нема ништо спорно ниту во навивањето на судијата на иста трибина, во ВИП делот, заедно со министерот за правда и обвинителка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.