Земјотрес беше почувствуван утринава во Источна Македонија.

Според телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, утрово во 9:31 часот регистриран е земјотрес со локална Рихтерова магнитуда ML3.3, чиј епицентар се наоѓа 140 километри источно од Скопје во соседна Бугарија.

Според досегашните податоци со коишто располага опсерваторијата земјотресот е почувствуван од населението во Делчево, Тработивиште и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.