Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија.

На социјалните мрежи се шират нови видеа од дивеењето на студентите. Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал „24сата.хр“.

Во видеото има и дел од пораките кои студентите си ги разменувале меѓу себе, како на пример: „Чувајте се од телевизорот во собара на едно момче му ја скрпил главата“, потоа „Е сега е веќе доста, кој ми го украде телевизорот и креветот од собата.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.