Пратеникот на редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалиција со политичката партија Левица.

Тој вели дека тие имаат само соработка.

„Не е точно дека имало формална коалиција, некаде каде што советот има соработка тоа е затоа што има одредени програмски цели кои се совпаѓаат“, вели Стојановски.

Ова следува откако пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски потенцираше дека тие се многу синхронизирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.