Стојаноски: Скандалозното однесување на Џафери ги поттикнува и другите пратеници да се однесуваат како него

Македонија 30.06.2022 / 18:39

На денешната седница во Собранието пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски обраќајќи се кон претседателот на Собранието на Талат Џафери му потенцираше дека суштината на претседателот на Собранието е да биде прв меѓу еднаквите. Главните одлики за функционирањето на парламентот во изминатите години, според Стојаноски се кршењето на деловникот, непочитувањето на одредбите, толкувањето на деловникот, создавање на атмосфера кој повеќе личи на агресија наместо на коректно разбирање меѓусебе.

-Сум пробал неколку пати да размислам самиот зошто е тоа така и морам да кажам дека е најверојатно заради комотноста што ја чуствувате во оваа зграда и сметате дека може да се однесувате како сакате, притоа криејќи се вешто низ процедурите коишто можеби ги познавате подоро од општата јавност, но на крајот на денот сепак јавноста треба како што кажувате вие да донесе одлука дали нечиво однесување е нормално или во овој случај е пренагласено, изјави Стојаноски.

Однесувањето на Џафери, бегањето од одговорноста, заобиколување на судот на јавноста која јасно го кажа своето мислење за однесувањето на Џафери и неговиот однос кон вработените, но тоа не бил само еден изолиран инцидент, туку ова однесување на Џафери е неколку време наназад според Стојаноски поттикнува такво однесување и кај други пратеници.

-Господине Џафери сметам дека вашиот кредибилитет е сериозно нарушен и како пратеник и како претседател на Собранието и не постои можност за понатамошно успешно управување со оваа институција. Јавноста треба да знае дека атмосферата во Собранието е тензична, остра, едноставно нема нормална атмосфера за соработување помеѓу сите пратеници. Ќе се повикам на членот 63 став 2 каде што вели дека претседателот на Собранието треба да работи врз основа на усогласување на ставови помеѓу пратеничките групи, во овој момент сметам дека тоа вие неможете да го направите заради тоа што со вашето однесување и со вашето покажување на дело како се однесувавте во изминатиот период едноставно немате повеќе можност односно вашето делување нема повеќе компресија да ги седне заедно пратеничките групи за да си ги усогласат ставовите и да продолжи Собранието да функционира поуспешно од тоа што функционира до сега, рече тој.

Дополонително, Стојаноски посочи дека ирелевантно е денес гласањето, тоа што е битно е впечатокот на јавноста. Впечатокот на јавноста дали Џафери успешно или неуспешно го води Собранието. Можеби Џафери денес ќе го надмине овој предизвик, но со неговото однесување Стојаноски не верува дека Џафери ќе ја убеди јавноста дека тој треба да остане претседател.

-Сметам дека треба да заминете од функцијата претседател бидејќи мора да докажеме дека сите што се огрешиле мора да бидат еднакви дали бил пратеник, обичен граѓанин, поранешен функционер или актуелен претседател на Собранието, истакна Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişgrandpashabet güncel giriş