Секогаш кога со оваа држава владееле претставници на актуелната власт секогаш ни се соочувале социјални катастрофи. Многу добро ги паметиме гигантите од фабрики во времето во Гостивар Силика, Готекс, Мего, Стаклара“, рече пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска при денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“.
Таа додаде дека во изминатите две години во просек има по 7,000 затворени приватни фирми.
Тоа се тие трагедии сега оваа власт. Сега нема државни фабрики за да затвора, но затоа намерачена е на гигантите РЕК Битола, Осломеј, Неготино па сакаше да постигне договор за заем со кој истите ќе ги затвореше до крајот на оваа година – кажа Стојаноска.
Стојаноиска посочи дека има спас за оваа иселеност, а тој спас се наоѓа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Сето тоа ќе се среди само кога ќе завладее ред во оваа држава, а тој ред дефинитивно е способна и капацитетна да го воведе ВМРО-ДПМНЕ – децидна е Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.