На денешната трибина на тема „Социјални политики против иселувањето“ свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Брвеница, Јовица Илиевски, кој истакна дека за ова оваа година и пол откако ја презеде општината, расчистен е долгот на истата и сите инфраструктурни проекти, кои се многу на број, се реализирани од средства на општината.

Општината беше со долг од милион и 400, а сега долгот е сведен на нула и не должиме ништо. Проектите кои ги изработивме во текот на оваа година ипол, сѐ е расчистено, платено. Во оваа година имаме повеќе инфраструктурни објекти направено. Изградивме летна сцена и партерно уредување во црквата во село Брвеница, реконструиран е стадионот во село Брвеница, спортската сала е вратена во функција после 5 години и дадена е на користење за првпат на училиштето. Пет години не функционирала ни спортската сала ни стадионот. Работиме континуирано на подобрување на уличното осветлување, во општината финансираме 4 фудбалски клуба кои се финансирани од буџетот на општина Брвеница, редовно вршиме дезинсекција и дератизација на општината, изработивме нова веб страна на нашата општина, завршена ни е изградба реконструкција и нови патишта во должина од 5 илјади метри, завршена ни е канализацијата во сите населени места во должина од околу 4 илјади метри – истакна Илиевски.

Тој додаде дека е набавен е нов школски автобус, 2 камионети и камион за отпад.

Во училиштата, сите училишта кои имаа печки на дрва ги заменивме со печки на пелети. Направивме реконструкција на училиштето во село Радиовце, извршивме реконструкција на патот, на мостот во село Милетино. Најголемиот проблем е со канализација и водовод, но продолжуваме со сопствени средства и од наш буџет, од јавното претпријатие ги финансираме овие проекти – рече тој.

Илиевски исто така истакна дека за разлика од другите кај што има иселувања во општина Брвеница има зголемен број на доселувања, па за ова општината прави и план за државното земјиште да се дава по евро за метар квадратен на млади брачни парови кои сакаат да живеат во Брвеница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.