Податоците на Еуроостат зборуваат дека бројот на македонски граѓани кои за прв пат добиле дозвола за престој во ЕУ е драстично зголемен, односно ако во 2013 година за прв пат издадени биле такви дозволи околу 9.200 во 2019 година имаме 26.700 такви дозволи, што значи дека за некаде 190 проценти имаме зголемување на бројот на издадени дозволи. Знам дека ништо не направија, ама интересен е податокот за скокот или за зголемување на тој број на издадени дозволи во периодот помеѓу 2017 година и 2018 година. Не случајно ја спомнувам 2018, обично кога доаѓа нова влада логично е дека народот има некаква надеж дека работите ќе бидат подобри и вообичаено е тогаш да се сите тука, дома, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на трибината во организација на партијата насловена како Социјални политики против осиромашувањето и сиромаштијата што се одржува во Тетово во рамки на кампањата Ова е Македонија за сите.

Според Димитриеска Кочоска токму најголемиот скок или разлика од владеење од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е токму таа година 2018 кога скокнал бројот на издадени дозволи за 46 проценти и „она што повеќе загрижува што ги бараат дозволите за период поголем од 12 месеци, значи ако претходно барале за неколку месеци и имале надеж дека ќе се врат сега не е така“.

Димитриеска Кочоска укажа зошто ситуацијата е таква, кои се причините.

На прво место е незадоволството или недовербата кон институциите, поточно корупцијата и криминалот и точно статистиката тоа го покажува, втор е, лошиот животен стандард лошо здравство, нема учебници, но најголема причина е корупцијата и криминалот – посочи таа.

Според потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го смени.

Ќе водиме два процеси паралелно, што значи тоа да се има доверба во институциите, значи секој еден ќе биде во затвор кој направи криминал и секој иднината во таква ситуација ќе ја гледа дома и второ подобрување на животниот стандард. БДП зависи од инвестициите, а тие отвораат работни места и за да се инвестира се очекува предвидлива даночна политика и стабилна економија, сега ова непредвидливо економско опкружување направи да немаме инвестиции, да нема нови работни места, да нема странки инвестиции. Во Тетово ветуваа една фабрика ама излажаа – посочи таа.

Димитриеска Кочоска заклучи дека има два моменти кои се клучни „одговорност за секој кој ќе згреши и во исто време стабилна и предвидлива економија, тоа се два столба на кои треба да се темели владеењето во една држава“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.