На денешната расправа за ребаланс за буџетот за збор се јави и Дафина Стојаноска, според која, „овој ребаланс ќе биде развоен толку колу што овозможиле расипиниците кои го креирале“.

– Ова е ребаланс, а не буџет, ова е оставштина од вас. Со ова руинирано наследство ќе се снајдеме и веќе се снаоѓаме, ќе ги подмириме сите законски обврски, ќе инвестираме, ќе ги зголемиме линеарно пензиите и нема популистички да ги злоупотребуваме работниците и пезионерите. Ќе го пресметуваме најдомаќински секој денар пред да го потрошиме. Нема веќе договарање тендери во четири очи, недопирливи и над законите, затајување даноци. За само 30 дена се договорени три инвестиции, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, Митко Трајчулески од СДСМ рече дека со ребалансот не се предвидени средства за пораст на минималната плата, за плати на здравствените и просветните рабтници, за Армијата и полицијата. Како што нагласи, со ребалансот се суспендираат колективните договори и сите барања на синдикатите, а нема пари ниту за работниците и за нивните семејства.

Ова е трет ден од расправата за ребалансот на Буџетот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.