„Не може да се квалификува како памфлет барање на пратеници во Собранието за да се дознае за што преговара министерот за надворешни работи. Бидејќи знаеме како завршуваат секогаш таквите преговори. Ние пред два ипол месеци чинам беше кога го повикавме министерот за надворешнир работи Бујар Османи да дојде за оној документ 5+1 кој што стана 4+1 за што ние дознавме преку медиумите дека нешто такво постои. И сметам дека е ова најбитната тема во моментов на која штотреба да се разговара, а за која што власта сака да направи дефокус да се рзговара за сосема други теми. И не би рекла дека е ова обид за кочење, ова е обид за работа за во Собранието, за свикување на една седница на која што јавно го покануваме и премиерот како најдоговорен да дојде и заедно со негода се разговара на оваа тема “, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата на 24 телевизија.

Стојаноска додаде дека имало таков случај во 2017-та година кога на затворена седница се разговарало со тогашниот премиер, а зошто да не и сега Ковачевски ја прифати поканата па заедно со сите пратеници се разговара и да се види за што се преговара со Бугарија.

„Се работи за битно прашање и не може министер за надворешни работи да кажува дека кога ќе се дојде до некој тип на решение кое сметаме дека е добро, тогаш ќе ја информираме јавноста. Апсолутно не се согласувам, јавноста треба да знае за секој поединечен чекор на кој што се подготвени да го направат во овие преговори“, рече Стојаноска.

Во текот на емисијата Стојаноска се осврна и на трагедиите во Тетово и Бугарија.

„Јас не знам дали некој друг освен власта верува во институциите. Власта манипулира со судбините да не речам на овие што изгореа и погинаа, за кои што семејствата немаат одговор. Не може да нема лична одговорност за вакви трагедии. Имаме 45 на другата несреќа, а немаме список се уште на изгорени“, истакна Стојаноска.

Стојаноска додаде дека е срамота да се нема список на жртвите кои погинаа трагично.

„Не добивме ние список на жртви и сега се прави дефокус, па наоѓа Талат Џафери некое оправдување и првпат преседан е ова тој со решение да го поништи решението на колегата Халил Снопче за свикување на оваа седница. Пазете Комисија за заштита на слободите, правата на граѓаните“, рече Стојаноска.

Стојаноска посочи дека ова е класичен обид за цензура.

„Јавноста треба да слушне, да види дека некој има интерес за тоа. Како? Никој ништо да не знае? Молк имаме на институции. Ниту судство, ниту обвинителство, ниту МВР не одговорија“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска укажа дека власта сака да има молк и меѓу пратеници. Вакви трагедии не смее под тепих да се ставаат.

„И со Филипче што ни се случи? Какви трагедии, неуспеси нанижа тој министер. И сега тој замина, и сега ние да му простиме за се што направи во здравството. Преку 9.000 починати. Ако ги споредиме со оваа бројка што ја добивме од пописот па ние сме лидери по смртност и тоа не само во Европа, тукуи во светот“, рече Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.