Носителката во Изборна единица 6 и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека на сите досега реализирани средби со граѓаните во Изборна единица 6 наишла на одличен прием, бидејќи граѓаните веруваат во она што ВМРО-ДПМНЕ го ветува и го има во програмата.
Граѓаните во ветувањата кои се лажни како и обвинувањата на спротивниот табор ниту веруваат, ниту сакаат да ги слушаат.
Време е македонскиот народ да се обедини и на 24 април да го заокружи бројот 2 затоа што со горда Македонија, сите граѓани на Република Македонија ќе станат горди. Време е да им го вратиме достоинството и да ја вратиме држава во нивни раце.
Македонија повторно ќе биде своја, Македонија повторно ќе биде горда, порачува Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.