Блокадата во Собранието не да беше успешна туку беше повеќе од тоа, бидејќи видовте како заврши минатата работна недела,а за сметка на тоа пак оваа недела апсолутно нема никакви закажани собраниски активности. Дури би испратила апел до власт да да дојдат во Собрание за да можеме да продолжиме со активната блокада. Јас не знам што очекуваа од активна блокада, два дена им поминаа во усвојување на Дневниот ред и го усвоија неделовнички, би рекла насилнички, истакна Дафина Стојаноска, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.
Стојаноска додаде дека во однос за закажаниот протест на 18-ти јуни, таа одлука е донесена на Извршниот комитет во понеделникот. И се очекува да биде масовен со огледна тоа што навистина народот е премногу заситен од ова сивило во Република Македонија. И тука нема да се запре. Се очекува после тој протест да се случи одлуката дали конечно Република Македонија ќе добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ.
-За сето после 18-ти јуни дополнително ќе се прави стратегија. А, до 18-ти јуни пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата продолжува со активна блокада. Денес поднесовме и барање до претседателот на Комисијата за мандатно имунитетни прашања да свика седница а про по она што се случи минатата недела со претседателот на Собрание. Но, за жал ништо друго не е свикано, а претседателот на Собранието е отсутен, а тоа не значи дека собраниските комисии не можат да се закажуваат и да се работи. Дали толку се исплашијаили изморија од нашата активна блокада не се знае. А, ние сме само на почетокот од нашата активна блокада, нагласи Стојаноска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.