Македонија со СДСМ/ДУИ, со криминалот и со корупцијата, се претвори во држава во која што за милионски државни тендери од „Државни патишта“ има само по еден понудувач!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија со СДСМ/ДУИ се претвори во држава во која што за време на двоцифрена инфлација немало заинтересирани фирми за речиси два милиони евра тендери од „Државни патишта“, освен фирма блиска до СДСМ.
Македонија со СДСМ/ДУИ се претвори во држава во која што за време кога компаниите и стопанските сојузи бараат државна помош и донации, ама нема заинтересирани фирми за скоро два милиони евра од „Државни патишта“.
Во само два месеци „Државни патишта“ распишува два тендери за расчистување на одрони, еден на автопатот Штип – Миладиновци, и еден за патот Хамзали – Берово, тендери вредни 1.8 милиони евра, а за работа се јавила само една компанија. Компанијата „Стентон“ од Битола, којашто има тесни врски со СДСМ, и чијшто близок човек СДСМ го кандидираше на последните локални избори за градоначалник.
Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер од милион евра од „Државни патишта“ за автопатот Миладиновци – Штип?
Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер од речиси 800.000 евра од „Државни патишта“ за расчистување на патот Хамзали – Берово?
Како е можно во време на криза да има само една понуда од градежна фирма на тендер, и таа фирма да понуди речиси идентична сума колку што е проценето од „Државни патишта“?
Како е можно токму таа фирма да е блиска до СДСМ?
Не се во прашање процедурите туку дали е можно за тендерот од „Државни патишта“ да истекла информација за проценетата вредност? Дали е можно некој да ги спречил другите фирми да конкурираат? Ако е тоа можно, на кој начин другите компании се одвратени да конкурираат? Дали при тендерите на „Државни патишта“ постоело тивко фаворизирање на една компанија, случајно блиска до СДСМ?
Македонија тоне во сиромаштија, тоне во кризи, тоне во двоцифрена инфлација, но на милионски тендери распишани од власта има само една заинтересирана компанија и таа е блиска до СДСМ.
Овие тендери од „Државни патишта“ отвораат сомнеж и постои голема веројатност за изигрување на процедурите, фаворизирање на компанија и за истекување на информации поврзани со предтендерската и тендерската постапка.
Институциите мора да ги испитаат околностите за овие тендери вредни речиси два милиони евра од Буџетот на Македонија. Ова мора да има крај!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.