Имено пред само неколку месеци МОН даде 500.000 евра на фирмата Тримакс за дигитални учебници кои никој не ги користеше, а сега истата фирма добива 800.000 евра повторно за дигитални учебници како претходно, од кои дел беа опфатени со претходната набавка.

И по сето ова МОН водена од ДУИ и СДС на само еден месец пред избори прави нова јавна набавка повторно за дигитални учебници, за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

Дали повторно Тримакс треба да се јави како добитник на овој тендер или тој ќе отиде кај омилените за ДУИ Арс Студио, која претходно доби тендер од 5 милиони евра за превод на учебници?

На грабежите на народот мора да им дојде крај. Силата е во рацете на народот. Промените се во твои раце! Македонија повторно твоја!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.