Статус вреден 9.384 евра!
Темелко од Министерството за одбрана!, пишува на својот профил на Фејсбук портаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски, кој побара ДКСК да отвори случај за Темелко Ристески.

Стоилковски денеска презентираше документ, за којшто рече дека е официјален извештај од проф. д-р Темелко Ристески, ангажиран како експерт и платен со народни пари до Државниот секретар во Министерството за одбрана и платен со буџетски пари, врз основа на договор за дело број 04-80/3 од 2.1.2020 година, помеѓу него и Министерството за одбрана.

Тој, како што наведува во Извештајот, напишал и 10 објави на Фејсбук во поддршка на Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, потоа напишал и два агитациски текста кои биле објавени на фејсбук-профилот на Партијата на пензионерите, а остварувал и телефонски и лични контакти со цел агитација за Коалицијата на СДСМ, додаде Стоилковски.

Извештајот, заедно со признанието од Ристески, според Стоилковски е доволен доказ за ДКСК веднаш да отвори случај и против него и против неговите претпоставени во Министерството за одбрана, но и против владата на Димитар Ковачевски, која цела недела се обидува да го релативизира и прикрива овој случај.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.