Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на прес-конференција објави дека сопругата и балдаската на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски биле вработени во штипската болница. Столковски изнесе дека Маринела и Мартина биле вработени директно од клупа, веднаш по завршувањето на студиите, без ниту еден ден работен стаж, како што предвидува законот.

Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра.

За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.

Стоилковски ги упати следниве прашања до министерот Благој Бочварски:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.