Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата ЗА или ПРОТИВ на телевизија Алфа потенцираше дека условените оставки од министрите на ДУИ се маркетиншки трик и обид за дефокус од криминалот и корупција на владата на СДС и ДУИ.
Тоа е само уште еден маркетиншки трик добро разработен во ДУИ. Оставките на ДУИ дојдоа во моментот кога над ДУИ падна оној мрачен облак на јавно објавување на криманлиите и криминогените состојби кои треба да ги истражи ЈО. Дали сега некој збори за претприемачкиот дух на младиот од семејството Ахмети кој без еден денар се стекна со огромен процент на сосптвенот на Трговски центар среде Скопје, зборам за случајот Соравија. За Артан Груби односно неговиот несразмерен имот и неговото таложење на имот и покажување на богатсво за кое треба да покаже од кадее потеклото на тие пари, затоа што претходно има поврзаности со други случаи и афери кои што ги објавувавме. И сега никој не збори за младиот Ахмети, никој не збори за Груби, никој не збори за хотелот на Попова Шапка, никој не збори за соседот на Груби кој е сопственик на хотелот на Шапка а потоа му дава автомобил на Груби така на позајмица кој што чини повеќе од тоа што е платено за хотелот. И сега никој не зборува за тоа, сите зборат за условените оставки кои се непозната терминологија условени од министрите на ДУИ, вели Стоилковски и додаде дека криминалот и корупцијата продолжува и понатаму.
А во меѓувреме продолжува да тече криминалот и корупцијата од владата на ДУИ и измеќарите од СДС и Димитар Ковачевски. Значи тие слугуваат на интересите на ДУИ, истакна Стоилковски.
Стоилковски посочи дека ДУИ со ова се обидува да купи ден за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС, укажувајќи дека поразот им е неминовен.
ДУИ сега се обидува да купи ден повеќе за својот можен криминал и корупција, а во тој пакет се обидува да ги спаси и СДС. Поразот им е пред врата, избори мора да има што побрзо за доброто на Македонија, смета тој се со цел да започне борбата со криминалот и корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.