Државната комисија за спречување корупција во случајот на ДУП за Градска четврт 304 на Општина Карпош утврди сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и овластувања и поткуп. Според она што го откриле, сметаат дека планот е донесен спротивно на ГУП-от и дека постојат траги на корупција пред да биде вцртана маркица за бензинска пумпа којашто парцела ја купи Пуцко петрол, објави Телма.

Парцелата се наоѓа во близина на салата Борис Трајковски, на паркингот меѓу базенот Карпош и хотелот Александар Палас.

Комисијата ќе достави иницијатива до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план кој го опфаќа просторот помеѓу булеварите Илинден, 8 Септември, реката Вардар и улица Љубљанска, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставен суд на РСМ.

Покрај ова ДКСК до Министерство за локална самоуправа ќе достави претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно со член 75 од Законот за локалната самоуправа.

Откриени се и нелегални кредитни активности.

ЗА ОСТАНАТИТЕ СОЗНАНИЈА НА ДКСК КОИ УПАТУВААТ НА СОМНЕЖИ ЗА ПРИКРИЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ НА ДЕЛОВНА БАНКА ПРЕКУ КОМЕРЦИЈАЛЕН ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ТРГОВСКО ДРУШТВО, КАКО И СОМНЕЖИ ЗА НЕУСОГЛАСЕНОСТ СО ДАНОЧНАТА РЕГУЛАТИВА, ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ ПРЕТСТАВКИ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ И ИНСТИТУЦИИ – СООПШТУВААТ ОД АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА.

Предметот бил оформен во март минатата година врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, за сомнежи за неуставно и незаконски донесен ДУП за коруптивни цели од страна на Советот на Општина Карпош и градоначалникот Стефчo Јакимовски. Покрај тоа, како што било наведено во пријавата, овој ДУП не бил во согласност со ГУП на Град Скопје, дека еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица.

Сепак земјиштето билo продадено на „Пуцко Петрол“ ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок.

Целиот текст можете да го прочитате тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.